logo
Search
Close this search box.
Previous slide
Next slide

Новитети

Slide-1

Мулти сплит системи Погледнете ја најновата серија од производителот AUX и дозволете да ви помогнеме да направите уникатен избор на внатрешни единици за обезбедување на

Детали ...
logo_post

10 % попуст на машинско хемиско чистење на вашиот клима уред со лајкнување На нашата Facebook страна

Детали ...
AUX

Посетете го нашиот нов продажен салон во Карпош 4 Договорете средба со некој од нашите вработени за полесно да се одлучите како да го решите

Детали ...

Нашата главна цел е задоволување на потребите и желбите на секој клиент !

Услуги

MOntaza

Монтажа

Многу често занемаруван аспект при изборот на климатизација е монтажата која е клучна за нормално функционирање на инсталираниот уред или систем.Сите наши монтери се со големо искуство од областа на греење и климатизација и секогаш стручно и професионално можат да ве посоветуваат за местото , висината на поставување на одреден уред во вашиот дом канцеларија и слично.Монтажата се обавува со квалитетни материјали што ни овозможува да обезбедиме трајност и гарантираме за истата.Вршиме монтажа на најразлични уреди и системи за греење и климатизација,како, ВРФ Мулти сплит Сплит системи, Топлотни пумпи Вентилациони системи

Сервисирање

За нормално и долготрајно работење на еден клима уред или поголем систем неопходно е негова редовна контрола и навремено сервисирање. Сервисирањето и контролата овозможуваат детектирање на помали грешки во системот и нивно лесно отклонување со што не се дозволува појава на поголем проблем кој пак може да доведе и до приморана замена на истиот. Покрај грижата за уредот или системот во сервисирањето влегува и редовно чистење на истиот што не само ги подобрува перформансите на уредот туку и обезбедува чиста средина за корисникот на истиот.При машинското хемиско чистење на уредите користиме високо квалитетни средства кои ги уништуваат бактериите , вирусите и габите кои се таложат во вашиот клима уред .Нашиот сервис ги обезбедува сите сервисни и резервни делови кои се потребни за производите кои ги нудиме.

servis

Сервис Гаги ДООЕЛ

ЗА НАС

Нашето претпријатие Сервис Гаги ДООЕЛ ,е основано во 2003 година со седиште во Скопје.Основна дејност на истото е проектирање и изведба на системи за греење и климатизација,како, ВРФ , Мулти Сплит , Сплит ситеми и Топлотни пумпи.Специјализирани сме и за проектирање и изведба на вентилациони системи за најразлична примена.

Сигурноста и квалитетот што го нудиме во областа на греење и климатизација ги потврдуваме со долгогодишното постоење на пазарот и многуте задоволни клиенти од нашите производи и услуги.

Сите наши производи се специјализирани и уникатни за секој клиент и со минимална потрошувачка на електрична енергија.

Previous slide
Next slide

Нашите почетоци бележат задоволни корисници на нашите услуги и производи и на тој начин успеавме да го изградиме и докажеме квалитетот со кој располагаме. Стручните проектирања , изведби и брзите сервисни интервенции и ден денес се одлика на нашето претпријатие.